Sena Güler
01 Март 2018•Ажурирај: 01 Март 2018
ИДЛИБ/АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили и Слободната сириска армија денес ослободија уште едно село од терористите на ЈПД/ПКК и ДЕАШ како дел од oперацијата „Маслинова гранка“ што се спроведува во северозападниот сириски регион Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
АА од терен јавува дека од терористите било ослободено селото Шејх Мехетли кое се наоѓа во подрачјето Раџу, лоцирано северозападно од Африн.
Од 26 февруари коридорот во облик на полумесечина кој се протега по должината на северозападната покраина Идлиб и подрачјето Азаз во Алепо ја прекина врската на терористите со турската граница.
Од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“, Турските сили и Слободната сириска армија ослободија 116 локации вклучувајќи еден центар на подрачјето, 88 села, 20 стратешки планини и брда и една база на ЈПГ/ПКК.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад во јули 2012 година, без борба, на терористите на ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
Терористите на ПЈД/ПКК под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8.000 и 10.000 терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. ПКК уште од средината на 1980-тите години води терористичка кампања против Турција.