Barış Gündoğan
22 Февруари 2020•Ажурирај: 24 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Турција соопшти дека по нападот во кој смртно настрадаа турски војници во Идлиб, таргетирани и уништени се 21 цел на режимот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турското Министерство за одбрана тоа го потврди преку соопштение објавено на Твитер.
Во соопштението се наведува дека како резултат на артилериските гаѓања од страна на режимот врз елементите на Турските вооружени сили кои се наоѓаат во Идлиб, со цел осигурување на примирјето, повреден е еден војник кој потоа го загубил својот живот во болницата во која бил пренесен.
„Крвта на нашите шехиди никогаш не остана на земја, и отсега натаму нема да остане на земја“, се наведува во ова соопштение.
„Од Бога посакуваме милост за нашиот шехид и упатуваме сочувство до неговото семејство, до Турските вооружени сили и до нашиот народ. По овој низок напад во ова подрачје веднаш биле утврдени 21 цел на режимот, и е даден потребен одговор преку интензивно отворање оган, при што се уништени овие цели. Ги следиме настаните и ги преземаме потребните мерки“, се додава во соопштението на Министерството за одбрана на Турција.