Muhammed Boztepe
23 Јуни 2020•Ажурирај: 24 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека еден сомалиски државјанин загинал во самоубиствениот напад изведен на 200 метри од касарната „Анадолу“ на турската команда во Сомалија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Еден сомалиски државјанин го загуби животот, а еден е повреден во самоубиствениот бомбашки напад изведен на оддалеченост од 200 метри од касарната „Анадолу“. Во предавничкиот напад не е повреден нашиот персонал, а исто така и касарната „Анадолу“ не е оштетена“, се вели во соопштението на турското Министерство
Министерството за одбрана на Турција најостро ја осудува терористичката организација и нејзините поддржувачи кои го изведоа овој насилнички акт.
„Го упатуваме нашето сочувство до сомалискиот народ. Нашите браќа Сомалијци нема да ги оставиме сами во борбата против терористичките организации“, се додава од Министерството.
Во сомалискиот главен град, Могадишу, денес сомалиските сили неутрализираа бомбаш-самоубиец и го спречија во обидот да влезе во турската воена база.