Muhammed Boztepe
23 Март 2020•Ажурирај: 23 Март 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во рамки на договорот од Москва, спроведена е втората турско-руска копнена патрола на автопатот М4, во сириски Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за одбрана се вели: „Во рамки на договорот од Москва, спроведена е 2. турско-руска копнена патрола на автопатот М4, во Идлиб, со учество на копнени и воздушни елементи.“
Според договорот, сите воени активности во Идлиб треба да завршат, и да се воспостави безбедносен коридор 6 километри на север и југ од клучниот Автопат М4.
Во рамките на договорот, заеднички турско-руски патроли од 15 март треба да спроведуваат заедничко патролирање долж Автопатот М4, од населеното место Трумба, 2 километри западно од Саракиб, до населеното место Ајн ал Хавр.
Автопатот, познат и како пат Алепо - Ал Хасака, е оддалечен 30 км од границата со Турција.
Турција ја започна операцијата „Пролетен штит“ на 27 февруари, откако 36 турски војници загинаа минатиот месец во воздушен напад на режимот на Асад во сириската покраина Идлиб, и по континуирните прекршувања на претходните прекини на огнот. Според рамките на договорот од 2018 година со Русија, турските трупи се во Идлиб за да ги заштитат цивилите од нападите на режимот и неговите сојузници.