Ömer Ürer
06 Април 2021•Ажурирај: 07 Април 2021
БРАКНА (АА) - Иселениците Турци што живеат во Германија ги насмевнаа лицата на децата што под тешки услови живеат во Мавританија со бајрамска облека и разни видови бонбони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турците што ја напуштиле својата земја и заминале во Германија за да ја обезбедат својата егзистенција членуваат во разни добротворни организации. Тие ги доставија донациите собрани по повод Рамазан до африканската земја Мавританија.
Во организација на Управата за верски работи на Турција и турската Фондација „Дијанет“ и во соработка со Турската исламска заедница во Германија (DITIB) турските иселеници ја предадоа донацијата на децата во областа Бракна.
Иселениците, по предавањето на празничната облека и бонбоните цел ден се забавуваа со децата, играа различни игри со нив, а децата поминаа еден убав ден што ќе остане во нивните сеќавања.
- „Се обидуваме да ги израдуваме и да ги насмееме децата“ -
Фахретин Алптекин, претседателот на Турската исламска заедница во Германија (DITIB) од Есен, во изјавата за АА рече дека донациите од разни хуманитарни здруженија во Германија ги доставиле до децата заедно со 17 волонтери.
„Дојдовме тука со нашите подароци. Се обидуваме да ги направиме децата среќни и да ги насмееме. Исто така и ние сме среќни. Многу е убаво чувството да се воспостави врска со овие луѓе и да ја споделиме нашата среќа. Детето е среќно со бонбони. И ние многу се радувавме кога како мали деца собиравме бонбони за време на бајрамските празници. Се потсетуваме на тие денови. Главната цел на добротворните активности е социјална комуникација. Ова го правиме овде.“
Истакнувајќи дека се иселиле во Европа за да работат бидејќи немале добри економски услови, Алптекин рече дека со работењето и со вложените напори стигнале до некое ниво.
Тој рече дека е многу среќен што е член на една заедница која дава зекат, додаде:
„Помогнавме за време на земјотресите во Елазиг и Измир. Исто така и при катастрофата во поплавата во Гиресун. Имавме потреба да заработиме за себе, но сега можеме да помагаме. Се молев на Господ да ги доживеам деновите кога ќе може и јас да помагам. Господ ја исполни мојата желба. Ние сме општество кое помага. Среќни сме што сме овде.“