Faruk Zorlu
20 Февруари 2020•Ажурирај: 21 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Турција денес најави дека на граѓаните од пет шенген-земји и од Велика Британија ќе им овозможи ослободување од виза на 90 дена за туристички патувања, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Овој чекор има за цел понатамошен развој на туристичкиот потенцијал, како и на трговските, економските и културните односи со Австрија, Белгија, Холандија, Шпанија, Полска и Велика Британија“, се вели во писмената изјава на портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хами Аксој.
Ослободувањето од виза ќе им биде дадено на државјаните на пет шенгенски држави и на Велика Британија за туристички патувања. Од 2 март за секое патување во туристички цели во Турција, ќе се овозможи ослободување од виза на три месеци, еднаш на секои 180 дена“, се додава во изјавата.