Handan Kazancı,Fatih Hafız Mehmet
01 Март 2019•Ажурирај: 02 Март 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за правда на Турција, Абдулхамит Ѓул, го повтори барањето за испорачување на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, кој престојува во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).
Ѓул во писмото до новоименуваниот американски министер за правда, Вилијам Бар, го повтори барањето за испорачување на Ѓулен и на другите членови на терористичката организација ФЕТО, одговорна за обидот за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој терористите на ФЕТО убија 251, а ранија 2.200 лица.
Турскиот министер повика и на поопсежна истрага во врска со дејствувањето на ФЕТО во САД за да се открие вистинското лице на таа терористичка организација.
Турција од американските власти во повеќе наврати бараше испорачување на Ѓулен и на другите членови на ФЕТО.
Членовите на таа терористичка организација со години преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се така во институциите на државата. Потоа, најпрво во декември 2013 година, членовите на ФЕТО се обидоа во правосудството на Турција преку наместен процес за наводна корупција да процесуираат голем број високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и крвавиот обид на терористите на ФЕТО, кога на 15 јули офицерите во турската Војска лојални на таа терористичка организација започнаа пуч.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна, а на тоа во повеќе наврати укажуваа и турските официјални претставници.