Afra Aksoy
07 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
ГАЗА (АА) - Премиерот на Палестина, Рами ел-Хамдала упати апел за палестинското национално обединување против одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, за признавање на Ерусалим како главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Хамдала на прес-конференција одржана во Газа, истакна дека потезите на САД во врска со Ерусалим се провокативни.
„Ги осудуваме овие потези. Одговор против потезите на САД во врска со Ерусалим ќе биде националното единство меѓу Газа и Западниот Брег“, рече тој.
Хамдала вели дека одлуката на САД за признавање на Ерусалим како главен град на Израел ги уништува напорите за ревитализација на мировниот процес. Тој додаде дека одлуката ја поништува заштитната улога на Вашингтон во мировниот процес.
„Треба да се обединиме околу админстрацијата на Палестина. Во оваа фаза, потребно е повторно да се воспостави единство и да се забрза помирувањето. Националното помирување е една стратешка опција од која нема враќање“, нагласи Хамдала, кој посочи дека се на прагот на една историска пресвртница.
„Безбедноста на Газа е обврска на владата“, рече Хамдала, истакнувајќи дека постои потреба да се создаде единство во Палестина.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера соопшти дека САД го признаваат Ерусалим како главен град на Израел. Трамп, исто така, истакна дека дал инструкции до Стејт департментот за започнување на подготовките за префрлување на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.