Burak Dağ
05 Февруари 2021•Ажурирај: 06 Февруари 2021
НУР СУЛТАН
Турција и Казахстан вчера дискутираа за можностите за зајакнување на соработката во одбранбениот индустриски сектор, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Казахстан соопшти дека заменик-министерот за национална одбрана на Турција, Мушин Дере, се состанал со казахстанскиот министер за одбрана, Нурлан Јермекбајев, како дел од дводневната работна посета на Казахстан.
На состанокот беше дискутирана соработката меѓу двете земји во полињата на одбранбена индустрија и воена обука.
„Казахстан и Турција ќе продолжат да ја подобруваат нивната повеќеслојна стратешка врска“, се вели во соопштението.
„На состанокот беше разгледано и прашањето за соработка со големите турски одбранбени компании“, се додава во соопштението.
Дере и придружната делегација, исто така, се состанаа со министерот за развој на индустријата и инфраструктурата во Казахстан, Бејбут Атамкулов.
Беше нагласено и успешното производство на воени производи од страна на двете земји во полето на оптиката и радиоелектрониката.
Дере исто така рече дека Казахстан е еден од најважните партнери за Турција во Централна Азија.
„Одржавме долг и плоден состанок. Се планира да се потпишат многу нови договори на воени и технички полиња меѓу двете братски земји“, додаде тој.
Турската делегација посети четири компании за одбранбена индустрија и Универзитетот за национална одбрана „Нурсултан Назарбаев“ во главниот град Нур Султан.