Aysu Biçer
18 Октомври 2021•Ажурирај: 19 Октомври 2021
АНКАРА
Германската развојна банка KfW ќе и обезбеди на Турција грант во износ од 71,3 милиони евра (82,5 милиони долари) за поддршка вохххх напорите за отворање на работни места за сириските бегалци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Средствата ќе се насочуваат преку Развојната организација за мали и средни претпријатија на Турција (KOSGEB) во рамките на договорот за придонес на Европската унија (ЕУ).
Турција прифати речиси четири милиони сириски бегалци, повеќе од која било друга земја во светот.
Веста за грантот следуваше откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел во заминување во Истанбул.
Средствата ќе бидат искористени за поддршка на отворање работни места за сириските бегалци и турските државјани во 15-те турски области најтешко погодени од бегалската криза.
Неповратните средства се состојат од две компоненти кои обезбедуваат инвестиции и поддршка за претпријатија во претежно сириска и турска сопственост преку промовирање на вработување.