Cemil Murat Budak
22 Октомври 2021•Ажурирај: 25 Октомври 2021
АНКАРА
Најмалку 81 осомничен поврзани со терористичката организација на Фетулах (ФЕТО) се приведени денес во Турција, известува Агенција Анадолија (АА).
Обвинителите во Анкара издадоа налози за апсење на 125 осомничени, вклучително 29 лица кои беа осомничени од страна на Министерството за надворешни работи за контакт со терористичката група и шифрирано допишување преку апликацијата „БајЛок“ на ФЕТО.
„Останатите осомничени се 18 подофицери и 78 студенти кои се разрешени од воените школи“, рекоа безбедносните извори, барајќи анонимност поради ограничувањата за изјави пред медиумите.
„Операциите изведени во 15 провинции во раните часови денеска доведоа до приведување на 14 лица, додека 67 други беа фатени во рации во 37 провинции“, рекоа изворите.
Се вложуваат напори за приведување на преостанатите поединци.
ФЕТО и нејзиниот лидер, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), го организираа неуспешниот пуч на 15 јули, 2016 година во Турција, во кој 251 лице беа убиени и 2.734 лица беа повредени.
Анкара ја обвини терористичката организација ФЕТО дека стои зад долготрајната кампања за соборување на државата преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.