Aynur Ekiz
05 Април 2018•Ажурирај: 06 Април 2018
АНКАРА (АА) – Националната разузнавачка агенција на Турција (МИТ) досега во Турција префрли 80 терористи на ФЕТО од 18 земји, изјави денеска во Анкара вицепремиерот на турската влада Бекир Боздаг, јавува Anadolu Agency (AA).
Вицепремиерот и портпаролот на турската влада, Бекир Боздаг, гостуваше на телевизискиот канал Хабертурк (Haberturk), каде што зборуваше за дневнополитичките случувања.
„МИТ досега во Турција префрли 80 терористи на ФЕТО од 18 земји. Операциите на МИТ надвор од Турција му нанесоа голем удар на ФЕТО. Операцијата во Косово е голем успех“, изјави Боздаг.
Вицепремиерот се осврна и околу расчистувањето на подрачјето на Африн од терористите во рамките на операција „Маслинова гранка“.
Потсетувајќи дека терористичката организација ЈПГ/ПЈД има за цел во Сирија да формира терористички коридор, Боздаг рече: „Како што Африн го исчистивме од терористичките организации ЈПГ/ПЈД, сега од нив ќе го исчистиме и Тел Рифат. Таму се приближуваме кон крајот.“
Зборувајќи за заедничката изјава на Турција, Русија и Иран по трилатералниот самит на претседателите на трите земји во Анкара, Боздаг рече: „Неделиви се територијалниот интегритет и единството на Сирија. Нема да дозолиме во Сирија да се прават обиди за промени врз основа на секташки поделби. Toa е исклучително важно и во исто време покажува дека тезата што досега ја брани Турција е усвоенa од двете земји“.