Zuhal Demirci
19 Септември 2020•Ажурирај: 20 Септември 2020
АНКАРА
Министерството за надворешни работи на Турција, во однос на пресудата на рускиот суд против кримските Татари, истакна дека е за жалење тоа што со такви методи се се држи под притисок татарската турска заедница, која е суштински елемент на Кримскиот Полуостров, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од Министерството се наведува дека пресудата за 7 кримски Татари од еден руски суд, донесена на 16 септември, претставува пример за зголемената политика за заплашување кон Татарите од Крим.
„Татарите се суштински елемент на полуостровот Крим. За жалење е со такви методи да се држи под притисок татарската турска заедница. Турција не ја признава нелегитимната анексија на Крим и ќе продолжи да биде со сонародниците, кримските Татари, кои преку мирни средства и демократски методи се обидуваат до го пренесат својот глас.“