Can Efesoy
09 Јуни 2025•Ажурирај: 10 Јуни 2025
АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Турските власти соопштија дека со внимание ја следат состојбата со турските државјани што се наоѓаа на бродот со хуманитарна помош „Мадлин“, кој беше нападнат од израелските сили додека пловеше кон Појасот Газа, јавува Анадолу.
Според дипломатски извори, Амбасадата на Турција во Тел Авив веднаш ги презела потребните чекори за ослободување на турските државјани штом бродот пристигнал на копно во израелското пристаниште Ашдод.
Роднините на турските граѓани редовно се информираат, додадоа тие.
Претходно израелски војници киднапираа 12 лица од бродот „Мадлин“, вклучително 11 активисти и еден новинар, соопшти Коалицијата „Флотила на слободата“, меѓународна невладина организација што ја организираше мисијата.
Невладината организација додаде дека комуникацијата со бродот е изгубена.
Меѓу луѓето на екипажот се францускиот пратеник во Европскиот парламент (ЕП), Рима Хасан, германската државјанка Јасемин Аџар, Хусеин Шуајб Орду од Турција, Тијаго Авила од Бразил, Серхио Торибио од Шпанија, Марко ван Рен од Холандија, Баптист Андре, Рева Вијард, Паскал Мориерас и Јанис Мамди од Франција, шведската климатска активистка Грета Тунберг и новинарот Омар Фајад.