Fuat Kabakçı
13 Јули 2016•Ажурирај: 14 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека европската и кинеската економија ќе бидат првите жртви доколку глобалната и меѓународна трговија се води без заеднички правила, пренесува Anadolu Agency (AA).
Туск се обрати на 18. по ред Самит на лидерите на Европската Унија и Кина, кој започна вчера во главниот град на Кина, Пекинг.
Во таа пригода истакна дека благодарение на самитот имал многу продуктивни состаноци со кинескиот претседател Си Ѓинпин и со премиерот Ли Кеќанг, како и тоа дека стратешкото партнерство на ЕУ и Кина е подигнато на повисоко ниво.
„Им се заблагодарувам на претседателот и на премиерот за нивната отвореност и искреност. Имавме навистина успешен самит во Пекинг. Нетрпеливи сме за организирање на состанок во Брисел”, рече Туск.
Тој укажа и на важноста на заедничките правила кога станува збор за глобалниот поредок и додаде:
„Овој поредок е наш заеднички интерес, иако во практиката имаме одредени разлики. Во случај глобалната и меѓународна трговија да се води според заеднички правила, покрај обичните луѓе, први жртви ќе бидат кинеската и европската економија”.
Покрај трговските односи и стратешкото партнерство на ЕУ и Кина, на самитот во Пекинг исто така, станало збор и за бегалската криза.