Ekipa
15 Февруари 2017•Ажурирај: 15 Февруари 2017
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Малезиската полиција објави дека е уапсена жена која е поврзана со смртта на Ким Џонг Нам, полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, јавува Anadolu Agency (AA).
Во денешното соопштение се вели дека жената е уапсена на Меѓународниот аеродром во Куала Лумпур, и дека поседувала виетнамски документи.
Џонг Нам почина во понеделникот, откако наеднаш му се слошило на аеродромот во Куала Лумпур. Тој побарал медицинска помош, а службениците што му укажале помош велат дека пред да почине, Џонг Нам рекол дека бил нападнат со хемиски спреј. Тој почина во возилото на итната помош, на пат кон болницата.