свет

Убиени се 22 Палестинци во израелскиот напад врз училиштето на ОН во северниот дел на Појасот Газа

- Се верува дека Палестинците од северот на Појасот Газа се принудуваат на евакуација за да се подготви простор за изградба на населба за Израелците, што претходно го објавија израелските медиуми, и е познато како „Генерален план“.

Muhammed Emin Canik  | 17.10.2024 - Обновена : 17.10.2024
Убиени се 22 Палестинци во израелскиот напад врз училиштето на ОН во северниот дел на Појасот Газа

ГАЗА (АА) - Најмалку 22 лица, меѓу кои има жени и деца, се убиени во бомбардирање на училиште на Обединетите нации (ОН) во кое се засолниле раселените цивили од северниот дел на Појасот Газа, што е под опсада веќе 13 дена, известува Анадолу.

Израелските воени авиони го бомбардираа училиштето „Абу Хасан“, кое работи во рамките на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) во бегалскиот камп Џабалија, објави палестинската новинска агенција ВАФА.

Најмалку 22 лица, меѓу кои има жени и деца, се убиени, а голем број се повредени во израелското бомбардирање на училиштето во кое се засолниле раселените цивили.

Пожар избувна во шаторите поставени во училишниот двор, во кои престојуваа Палестинците раселени поради израелските напади.

Некои од оние кои ги загубија животите и беа повредени во нападот се префрлени во болниците „Камал Адван“ и „Ел-Авде“ во регионот.

Медицинските тимови имаат потешкотии да стигнат до луѓето во училиштето што го бомбардираше Израел.

Израелската Армија веќе 13 дена под опсада го држи северниот дел на Појасот Газа, принудувајќи ги луѓето да мигрираат од регионот.

На 6 октомври израелската Армија изврши копнен напад врз северниот дел на Појасот Газа, особено врз бегалскиот камп Џабалија.

Се верува дека овој чекор е преземен со цел Палестинците од северот на Појасот Газа да се принудат на евакуација и на тој начин да се подготви простор за населба за Израелците, што претходно го објавија израелските медиуми како „Генерален план“.

Од почетокот на израелскиот геноциден напад врз Појасот Газа на 7 октомври 2023 година, убиени се повеќе од 42.400 Палестинци, а речиси 100.000 се повредени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.