Haydar Karaalp
03 Јануари 2020•Ажурирај: 04 Јануари 2020
БАГДАД
Во ракетниот напад на аеродромот во Багдад, главниот град на Ирак, убиен е Касим Сулејмани, командантот на Силите на Ерусалим, поврзани со Иранската револуционерна гарда, и Ебу Мехди ал Мухендис, заменик-претседателот на проиранската организација „Хашд ал Шаби“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Според медиумските извори на „Хашд ал Шаби“, во ракетниот напад на возилото што се движело на патот кон аеродромот во Багдад, главниот град на Ирак, убиен е Касим Сулејмани, командантот на Силите на Ерусалим, поврзани со Иранската револуционерна гарда, и Ебу Мехди ал Мухендис, заменик-претседателот на проиранската организација Хашд ал Шаби“, истакна ирачката државна телевизија.
Ирачката администрација соопшти дека е извршен ракетен напад на аеродромот во Багдад и околината и дека има повредени.