Sertaç Bulur
12 Јануари 2016•Ажурирај: 12 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Полицијата во Анкара уапси 16 припадници на терористичката организација ДАЕШ, вклучувајќи и еден државјанин на Турција, за кои е утврдено дека подготвувале терористички напад во овој град, јавува Anadolu Agency (АА).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, полицијата уапси најмалку 16 членови на ДАЕШ, кои планирале да извршат терористички напад на неколку локации во центарот на Анкара.
Турскиот државјанин со иницијали И.К. за кој се верува дека е лидер на терористичка група, беше уапсен во ресторан во Тунали Хилми во Анкара. Останатите 15 уапсени се сириски државјани и тие се однесени во полициската станица за странци, за подоцна да бидат депортирани надвор од земјата.
Над турскиот државјанин И.К спроведена е истрага, по што е изнесен пред суд и пратен во притвор. Во акцијата беа запленети голем број разни документи кои припаѓаат на терористичката организација.
Во главниот град на Турција, во октомври минатата година имаше терористички напади во кои загинаа 97 лица, а беа повредени над 400 луѓе.