Burç Eruygur
06 Ноември 2022•Ажурирај: 07 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку едно лице загина во текот на ракетниот напад врз југоисточниот украински регион Запорожје во раните утрински часови, соопштија официјални лица, известува Агенција Анадолија (АА).
„Непријателот по полноќ изврши ракетен напад на регионалниот центар. Една од ракетите го погоди подрачјето на приватно претпријатие. Загина едно лице“, објави Кирило Тимошенко, заменик-шефот на Канцеларијата на украинскиот претседател, на социјалната мрежа Телеграм.
Тимошенко наведе дека поради експлозијата избувнал пожар на површина од 800 квадратни метри.
Тимошенко напиша дека уште една ракета паднала на приватен имот, но дека во овој случај нема повредени.
„Непријателот продолжува со својот терор напаѓајќи го цивилното население“, рече Тимошенко.
Претходно, локалните официјални лица најавија предупредување за можни напади на регионот.
„Внимание. Непријателот продолжува со својот ноќен терор. Извршен е ракетен напад на регионалниот центар. Бидете внимателни“, напиша гувернерот на Запорожје, Олександар Старух, на Телеграм.
Руските сили изминатите недели започнаа нова серија воздушни напади на Киев и други украински градови.