Burç Eruygur
28 Август 2023•Ажурирај: 29 Август 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку три лица загинаа, а повеќемина се повредени во денешниот руски ракетен напад во централната украинска област Полтава, соопшти Киев, пренесува Анадолу.
„Три лица загинаа во руски напад на нафтен извор во Областа Полтава. Уште едно лица се смета за исчезнато“, изјави украинскиот министер за внатрешни работи, Ихор Клименко, на Телеграм. Тој додаде дека со повреди се здобиле пет лица, вработени на нафтениот извор.
Претходно, Андриј Јермак, шеф на Кабинетот на украинскиот претседател, рече дека нападот се случил во селото Хохолеве во полтавскиот Округ Мирород.
Од експлозијата се запалил нафтениот извор, истакна Јермак и додаде дека лицата работеле во ноќна смена.
Гувернерот на Полтава, Дмитро Лунин, изјави дека една производна единица е целосно уништена во ракетниот напад, а во тек се операции за потрага и спасување.
Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека со руските напади биле погодени магацин за оружје и муниција на украинската авијација, без прецизирање на локацијата.