Кина ги укинува потребните тестирања за КОВИД-19 за патниците
Портпаролот на Министерството, Ванг Венбин, соопшти дека од лицата што доаѓаат во Кина повеќе нема да се бара да приложат негативен резултат од тест за КОВИД-19
ИСТАНБУЛ (АА) - Кина од среда повеќе нема да бара тестирање за КОВИД-19 од патниците што пристигнуваат во земјата, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи, пренесува Анадолу.
Портпаролот на Министерството, Ванг Венбин, рече дека од лицата што доаѓаат во Кина повеќе нема да се бара да приложат негативен резултат од тест за КОВИД-19, објави дневниот весник „Глобал тајмс“.
Тоа е пресвртница кон ставањето крај на мерките воведени за спречување на ширењето на коронавирусот во Кина од почетокот на 2020 година.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.