Ruslan Rehimov
28 Февруари 2022•Ажурирај: 01 Март 2022
КИЕВ (АА) - Заменик-министерката за одбрана на Украина, Ана Маљар, истакна дека руските сили кои ја напаѓаат нејзината земја изгубиле околу 5.300 војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Маљар на својот Фејсбук профил сподели информација за загубите на руските сили во последните 4 дена.
Истакнувајќи дека руските сили загубиле околу 5.300 војници, Маљар рече дека украинската армија уништила 29 авиони, 29 хеликоптери, 191 тенк, 816 оклопни возила, 74 топа и 2 брода на Русија.
Маљар, исто така, нагласи дека руските сили изгубиле и противвоздушен систем „БУК“, 21 систем за ракетно фрлање „Град“, 291 возило, 60 возила со гориво, 5 системи за противвоздушна одбрана и 3 беспилотни летала.
Заменик-министерката не даде информации за тековните судири.