Dmitri Chirciu
17 Мај 2022•Ажурирај: 18 Мај 2022
ЛАВОВ (АА) – Нападнат е воен објект во украинскиот град Лавов, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на воената управа на регионот Лавов, Максим Козицкиј, во изјавата споделена на социјалните мрежи наведе: „Нападнат е воен инфраструктурен објект во областа Јаворивски во Лавов, во близина на границата со Полска.“
Наведувајќи дека за време на нападот бил активиран системот за противвоздушна одбрана во регионот, Козицки истакна дека детални информации за инцидентот ќе бидат дадени дополнително.
Градоначалникот на Лавов, Андреј Садовиј упати повик до граѓаните да се засолнат откако ќе ги слушнат сирените.