Ruslan Rehimov
19 Март 2022•Ажурирај: 20 Март 2022
КИЕВ (АА) - Украина тврди дека е убиен уште еден висок руски воен офицер, петти од почетокот на војната минатиот месец, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генерал-полковник Андреј Мордвичев, командант на 8-та Руска армија на Јужниот Регион е убиен во населеното место Чорнобаивка во близина на градот Керсон, се наведува во соопштението на Генералштабот на Вооружените сили на Украина.
Досега, во војната во Украина, според податоците на Обединетите нации загинале најмалку 816 цивили, а 1.333 се повредени, а од ОН нагласуваат дека бројката е веројатно поголема. Над 3,27 милиони луѓе пребегале во соседните земји, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН.
Тврдењата за бројот на воени жртви на двете страни, сепак, не се потврдени од независни извори.