Zehra Nur Düz
19 Март 2022•Ажурирај: 20 Март 2022
АНКАРА (АА) - Вкупно 9.145 луѓе се евакуирани преку хуманитарните коридори во Украина во последните 24 часа, објавија доцна синоќа украинските медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Државната новинска агенција „Укринформ“ објави дека вчера биле отворени девет коридори за хуманитарна помош, цитирајќи го заменик-шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Кирило Тимошенко.
„Вкупно 4.972 лица, меѓу кои 1.124 деца, беа евакуирани од југоисточната покраина Мариупол во југоисточниот град Запорожје“, соопшти Тимошенко преку Телеграм.
Тој додаде дека од регионот Суми евакуирани се 4.173 лица.
Руско-украинската војна, што започна на 24 февруари, наиде на меѓународна осуда, доведе до финансиски рестрикции наметнати кон Москва и поттикна заминување на светските компании од Русија.
Досега, во војната во Украина, според податоците на Обединетите нации загинале најмалку 816 цивили, а 1.333 се повредени, а од ОН нагласуваат дека бројката е веројатно поголема.
Над 3,27 милиони луѓе пребегале во соседните земји, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН.