Gözde Bayar
19 Март 2022•Ажурирај: 20 Март 2022
АНКАРА (АА) - Русија ги употреби своите хиперсонични ракети Кинџал за прв пат во Украина за да уништи подземно складиште за оружје, соопшти денес руското Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„На 18 март, авијацискиот ракетен систем Кинџал со хиперсонични балистички ракети уништи големо подземно складиште за ракети и авијациска муниција на украинските трупи во Делјатин, Ивано-Франковската област“, соопшти портпаролот на Министерството, Игор Конашенков.
Тој истакна дека уште 69 елементи на украинската Војска биле погодени во операциите во текот на ноќта, додека 12 украински беспилотни летала биле соборени од руските системи за противвоздушна одбрана.
Конашенков додаде дека досега, руските сили уништиле 196 украински беспилотни летала, 1.438 тенкови и други оклопни борбени возила, 145 повеќекратни ракетни лансирни системи, 556 парчиња теренска артилерија и минофрлачи и 1.237 специјални воени возила.
Портпаролот на руското Министерство истакна и дека „специјалната воена операција“ на Русија во Украина продолжува со полна сила.