Merve Berker
15 Мај 2022•Ажурирај: 16 Мај 2022
КИЕВ (АА) – Околу 27.400 руски војници загинале досега во војната во Украина, соопшти денес украинската Војска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Најмалку уште 200 руски војници се убиени во текот на изминатиот ден“, јави украинскиот Генералштаб.
Оттаму се наведува дека од почетокот на војната на 24 февруари украинските сили уништиле 200 руски авиони, 164 хеликоптери, 416 беспилотни летала, 1.220 тенкови и 2.958 оклопни возила.
Се додава дека Русија изгубила и 195 системи на повеќецевни ракетни фрлачи, 2.087 возила, 95 крстаречки ракети, 89 противавионски системи и 13 чамци.
Досега во војната во Украина загинале најмалку 3.573 луѓе, а 3.816 се повредени, според проценките на Обединетите нации (ОН). Се стравува дека вистинската бројка е многу поголема.
Над 6 милиони луѓе пребегаа во други земји, а околу 7,7 милиони се внатрешно раселени, според Агенцијата за бегалци на ОН.