Alperen Aktaş
25 Октомври 2024•Ажурирај: 28 Октомври 2024
КИEВ (АА) - Главната управа за разузнавање на украинското Министерство за одбрана соопшти дека севернокорејските воени единици се распоредени во руската област Курск, пренесува Анадолу.
Во писмено соопштение Министерството истакна дека единиците, обучени во Русија, се вклучиле во војната против Украина.
Се наведува дека околу 12.000 војници од Северна Кореја се пратени во Русија, меѓу кои и 500 офицери и тројца генерали, според украинските разузнавачи.
Во соопштението се наведува и дека војниците се опремени со муниција, опрема за спиење, зимска облека, обувки и средства за хигиена.