Ruslan Rehimov
13 Април 2022•Ажурирај: 14 Април 2022
КИЕВ (АА) - Повеќе од 720 цивили загинаа во руските напади врз регионот на Киев, изјави директорот на полициската управа во Киев, Андриј Нибитов, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Бројот на цивилни тела пронајдени и идентификувани во регионот на Киев веќе надмина 720. Во меѓувреме, уште 200 лица се водат како исчезнати“, рече Нибитов, пренесе украинската новинска агенција „Укринформ“.
Тој додаде дека повеќе од 3.000 кривични постапки се отворени за злосторства извршени од руските војници во регионот на Киев откако Русија ја започна војната на 24 февруари.
Според проценките на Обединетите нации, од почетокот на војната во Украина загинале најмалку 1.892 цивили, а 2.558 се ранети. Над 4,6 милиони Украинци побегнале во други земји, а милиони се внатрешно раселени, покажуваат податоците на Агенцијата на ОН за бегалци.