Zehra Nur Düz
04 Јануари 2023•Ажурирај: 04 Јануари 2023
КИЕВ (АА) - Војната на Русија против Украина веќе предизвика штета на економијата на земјата од над 700 милијарди долари, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на состанокот на Кабинетот на Владата во главниот град Киев, Шмихал рече дека еден од приоритетите на Владата за оваа година е „обновата на Украина“.
„Заедно со Светската банка, украинските власти планираат да извршат проверка на потребите на Украина за најбрзото можно закрепнување“, рече тој.
Шмихал нагласи дека на почетокот на јуни минатата година, износот на штетата е проценет на околу 350 милијарди долари.
„Земајќи ги предвид неодамнешните напади врз нашата инфраструктура, заклучно со денеска, оваа бројка надминува 700 милијарди долари“, истакна тој.