Talha Yavuz,Jeyhun Aliyev
02 Февруари 2022•Ажурирај: 03 Февруари 2022
КРАМАТОРСК (АА) - ТАЛХА ЈАВУЗ/ЏЕЈХУН АЛИЕВ -
Жителите на Краматорск во регионот Донбас сметаат дека можното посредување на Турција во руско-украинската криза би било подобро од посредувањето на Соединетите Американски Држави (САД) и дека ќе ги подобри односите, а некои пак велат дека моментално беспилотните летала веќе помагаат многу.
Иако Краматорск во 2014 година извесно време падна во рацете на проруските сепаратисти, Украинската армија ја врати контролата врз градот.

Жителите на регионот за Агенција Анадолија (АА) се осврнаа на утрешната посета на претседателот Реџеп Таип Ердоган на Киев и можното посредување на Турција во руско-украинската криза.
Жител на Краматорск, истакнувајќи дека односите со Турција се добри, а во врска со посредништвото на Турција, рече: „Би било подобро од посредништвото на САД.“

Друг жител на градот ја истакна надежта дека нивното пријателство со Турција ќе продолжи и понатаму.
Граѓанин на Краматорск, кој исто така не сакаше да биде именуван, нагласувајќи дека испораката на дронови на Турција за Украина е многу добар потег, рече: „Улогата на Турција е многу позитивна за нас во решавањето на кризата во Украина.“
Јуриј Рут, друг жител на Краматорск, рече дека понудата за посредување на Турција е позитивна и природна, и дека моќните земји треба да им помагаат на слабите.

Еден друг жител на градот, истакнувајќи дека тие што им помагаат ги сметаат за пријатели, рече: „Кога ќе станеме посилни, ние ќе возвратиме на добрината што ни е направена.“
Потенцирајќи дека посредништвото на Турција ќе помогне, еден друг жител на Краматорск рече: „Тоа ќе ги подобри односите и секако дека на некој начин ќе ѝ помогне на Украина. Беспилотните летала веќе се многу корисни.“