Gözde Bayar
22 Септември 2021•Ажурирај: 23 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Тројца осомничени припадници на терористичката ДЕАШ се приведени при обид илегално да влезат во Турција од Сирија, соопшти денеска турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Осомничените се фатени во подрачјето на Рејханли, во јужната турска област Хатај“, објави Министерството на Твитер.
Во 2013 година, Турција стана една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш земјата повеќепати беше цел на напади на терористичката организација, во кои животот го загубија над 300 лица, а стотици беа повредени, и тоа во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки напади и 4 оружени напади.
Како одговор, Турција започна антитерористички операции во земјата и во странство за да ги спречи понатамошните напади.