Vesna Besiç
30 Декември 2017•Ажурирај: 31 Декември 2017
БАКУ (АА) - Куќи, деловни центри и улиците на азербејџанската престолнина Баку, се украсени со разнобојни украси по повод новогодишните празници, јавува Anadolu Agency (AA).
Поставена е и голема елка и насекаде се чувствува претпразнична атмосфера.

Баку нуди голема лепеза на културни настани, и историско и уметничко наследство од меѓународно значење. Во градот се наоѓаат многу музеи. Архитектурата на Баку е светски позната, од Стариот град со историски градби, до модерни градби и простран план на пристаништето во Баку.