Merve Aydoğan
15 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
БУДИМПЕШТА (АА) - Денес во Унгарија стапи на сила Законот со кој им се забранува на луѓето да го користат јавниот простор за живеење, јавува Anadolu Agency (AA).
На 20 јуни, Националното собрание на Унгарија го ратификуваше Законот, кој стапува на сила од денес, и со кој им се забранува на бездомниците да живеат на јавни површини.
Според новите амандмани, бездомник кој трипати ќе биде предупреден од полициски службеник да не ја користи јавната површина за живеење, може да се соочи со парична казна, па дури и со казна затвор.
Државниот секретар за социјална политика, Атила Фулоп, во врска со Законот истакна дека бездомните лица ќе можат да продолжат со животот во посебни објекти кои имаат околу 19.000 легла, низ целата земја, и во овие објекти да ги задоволат своите потреби за храна, лична хигиена и друго.
Се проценува дека во Унгарија, со полулација од 9,7 милиони жители, живеат околу 20.000 бездомни лица.