Ekipa
12 Март 2016•Ажурирај: 13 Март 2016
АНКАРА (AA) - Милиони Сиријци поради долгогодишна војна во таа земја беа приселни да ги напуштат своите домови,а само во Турција се родени 127.752 деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Турција ги отвори своите врати за 2,7 милиони бегалци, а Управата за вонредни ситуации и цивилна заштита (AFAD) формираше 26 привремени бегалски центри. Во тие центри сеуште се наоѓаат повеќе од 280.000 Сиријци.
Заменикот на премиерот на Турција Јалчин Акдоган на 10 март соопшти дека во Турција се наоѓаат 2.733.784 сириски бегалци.
Како дознава АА, Сиријците кои дојдоа во Турција, од 2011 година добиваат медицинска помош од Министерството за здравство на Турција. Од април 2011 година, до јануари 2016 година пружено им е повеќе од 15 милиони поликлинички услуги.
Турција за време на сириската криза до денес вложи девет милијарди долари во згрижување на сириските бегалци. Посебно внимание се обрнува на образованието на децата бегалци, како и едукација на возрасните кои по војната би требале да помогнат во "подигнување на својата држава". Во Турција има околу 750. 000 деца на возраст од пет до 17 години, од кои се образуваат 325.000. Целта е до крај на учебната година таа бројка да се зголеми на 450.000.
AFAD гради повеќе од 70 училишта, а повеќе од 200 училишта една смена одстапи за едукација на Сиријците.
До сега 61.749 возрасни Сиријци добија сертификати од различни кусеви отворени во бегалските центри. Повеќе од 130.000 Сиријци посетуваа некој од 4.200 курсеви во бегалските кампови и центри.
Децата во државните училишта наставата ја следат на турски, а во бегалските центри и на мајчин јазик.
Пружањето на хуманитарна помош и згрижување на сириските бегалци во Турција продолжува.