Adam Abu Bashal
01 Мај 2019•Ажурирај: 02 Мај 2019
АБУЏА (АА) - Најмалку 20.000 лица останале без покрив над главата поради циклонот Кенет, кој ги погоди Коморските Острови, и поплавите што се случија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) се вели дека најмалку 20.000 лица, претежно деца, биле раселени поради поплавите предизвикани од поројните дождови на Коморските Острови и циклонот Кенет.
Според ова соопштение, поради оваа катастрофа уништени или оштетени биле 400 училишта, 6 здравствени центри и околу 4.000 куќи.
Во ова соопштение се истакнува дека околу 80 отсто од фармите се оштетени поради катастрофата, и се вели дека е можно регионот да се соочи со криза со глад.
Инаку, во циклонот Кенет и поплавите што се случија минатата недела загинаа 7 лица, додека над 200 лица беа повредени.