Adam Abu Bashal
25 Март 2019•Ажурирај: 26 Март 2019
АБУЏА (АА) - Бројот на загинати во циклонот и поплавите во Мозамбик достигна 447, додека бројот на раселени лица згрижени во шаторските населби е зголемен на 128 илјади, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за животна средина на Мозамбик, Селсо Кореија, во изјава за новинарите потврди дека бројот на загинатите е зголемен на 447, и дека уште стотици лица се повредени.
Тој го соопшти и податокот дека бројот на раселените лица во шаторските населби достигнал 128 илјади.
Над милион лица се загрозени од минатонеделниот циклон „Идаи“ и поплавите што пред две недели ја погодија земјата.
Повеќе од 90 отсто од објектите во приморскиот град Беира претрпеа штета.
Во земјата претходно е прогласена тридневна жалост.