Dildar Baykan
01 Мај 2019•Ажурирај: 02 Мај 2019
ЊУЈОРК (АА) - Две лица го загубија својот живот, додека четири лица се повредени во вооружениот напад извршен на Универзитетот „Северна Каролина“ во САД, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на американските медиуми, откако се слушале пукотници во кампусот „Шарлот“ на Универзитетот „Северна Каролина“, полицијата и безбедносните служби се упатиле кон местото на настанот.
Во соопштението на Агенцијата за итни медицински услуги „Meclenburg“ се наведува дека во случајот смртно настрадале две лица, додека четворица биле повредени, од кои двајца тешко повредени.
Безбедносните службеници сè уште не го објавија идентитетот на жртвите, а соопштија дека е приведен еден осомничен во врска со овој случај.