Ekipa
17 Април 2018•Ажурирај: 18 Април 2018
ЏУБА (АА) - Од Фондацијата за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) јавуваат дека најмалку 207 деца војници се ослободени во Јужен Судан, што претставува трето најголемо ослободување во 2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Според УНИЦЕФ, се смета дека повеќе од 19.000 деца биле регрутирани, по започнувањето на Граѓанската војна пред пет години.
„Ослободените деца ќе бидат повторно вратени во своите семејства и ќе добијат месечна помош за храна и психосоцијална поддршка, заедно со можноста да одат на училиште“, се вели во соопштението на УНИЦЕФ.
Во последното ослободување во месец февруари, беа пуштени 311 деца војници.
Јужен Судан во 2013 година влезе во Граѓанска војна, само две години откако прогласи независност од север. Во тековниот конфликт загинаа десетици илјади луѓе и се создаде хуманитарна криза, при што речиси 4 милиони луѓе ги напуштија своите домови.