Gülşen Topçu
24 Мај 2021•Ажурирај: 25 Мај 2021
АДЕН
Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека една четвртина од лицата што се заразени со новиот вид коронавирус (Квоид-19) во Јемен се починати, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата е потврдена преку писмено соопштение објавено на Твитер од профилот на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Јемен.
Во соопштението се наведува дека во земјата во која има војни, масовни миграции, невработеност и сиромаштија, една четвртина од заразените со Ковид-19 се починати.
Според соопштението, оваа бројка е пет пати поголема од просекот на смртност од овој вирус во светот.
УНИЦЕФ нагласи дека поголемиот дел од случаите со овој вирус не се детектирани, и дека вирусот скриено се шири во општеството.
Во соопштението се вели дека во јужните делови на земјата, што се под контрола на власта, тестови се прават само за случаите што се во критична фаза, а се нагласува дека во местата што се наоѓаат во северниот дел на земјата, кој е под контрола на Хусите, ситуацијата е неизвесна поради недостиг на информации.
Според официјалните податоци, во Јемен досега починале 1.307 лица поради Ковид-19, а откриени се 6.658 случаи.
Се истакнува дека споделените бројки не ги вклучуваат зоните што се под контрола на Хусите.