Laith Joneidi,Zeynep Hilal Karyağdı
09 Јули 2016•Ажурирај: 10 Јули 2016
АМАН (АА) - Јордан и Фондот на ОН за помош на деца (УНИЦЕФ) потпишаа протокол за донација од 39 милиони долари за образование на сириските деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пишаното соопштение на министри за планирање и меѓународна соработка на Јордан, Имад ел Фахурија, нагласено е дека парите ќе бидат проследени на Министерството за образование и ќе бидат искористени за едукација на децата погодени со сириска криза.
Донацијата ќе биде искористена за изградба на игралишта во училиштата, купување на школска опрема, плаќање на наставен кадар и покривање на административни трошоци.
Во Јордан се наоѓаат милион и 390.000 бегалци од Сирија.