Zeynep Hilal Karyağdı
29 Ноември 2018•Ажурирај: 29 Ноември 2018
АДЕН (АА) - Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека се испратени 14 милиони вакцини за децата во Јемен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштение објавено на Твитер на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Јемен се наведува дека 14 милиони вакцини за рубела и рубеола испратени во Јемен, пристигнале на аеродромот во Аден.
Вакцините се наменети за над 13 милиони деца на возраст од 6 месеци до 15 години.
Во соопштението не се дадени подетални информации.
Војната која започна во 2014 година во Јемен, и судирите, како и операциите на коалициските сили под водство на Саудиска Арабија кои се спроведуваат од март 2015 година, доведоа до колапс на здравството во Јемен.
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека поради недоволните здравствени можности и условите поради војната во Јемен која трае повеќе од 3 години, 16,4 милиони лица, односно 60 отсто од населението на Јемен нема пристап до основните здравствени услуги.
Илјадници лица го загубија својот живот поради војната во Јемен, додека 50 отсто од смртните случаи се предизвикани од заразни болести и недоволна исхрана.
Недоволната исхрана заедно со заразните болести го зголемуваат ризикот од појава на епидемија, а се намалува и отпорот кон болестите.
Од здравствените установи во Јемен, 50 отсто се затворени, додека здравствените установи кои делумно работат, се соочуваат со недостиг на здравствена опрема бидејќи Владата на инвестира во тоа.