Dildar Baykan
05 Ноември 2019•Ажурирај: 05 Ноември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, во врска со Договорот на Ријад кој очекува да стави крај на кризата во јужниот дел на Јемен рече дека тоа е многу добар почеток, и побара секој да работи во насока на постигнување конечен договор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп на Твитер ја цитираше врста на француската новинска агенција АФП (Agence France-Presse) во врска со потпишувањето на Договорот на Ријад кој се очекува да стави крај на кризата меѓу Владата на Јемен и сепаратистичкиот Јужен транзиционен совет поддржан од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
„Многу добар почеток. Замолувам секој да работи во насока на постигнување на конечен договор“, напиша Трамп на Твитер.
- Настани во јужниот дел на Јемен
Трупите наречени Хизам Емини, при Јужниот транзиционен совет поддржан од ОАЕ, на 10 август ја зазедоа контролата врз привремениот главен град на оваа земја, Аден, а потоа и во Ебјен и Шебве.
Како резултат на судирите во регионот, владините сили повторно ја зазедоа контролата врз овие градови, но по воздушните напади на ОАЕ, Аден како и Зенџибар кој е централно подрачје на Ебјен повторно влезе под контрола на силите при Јужниот транзиционен совет.
Откако Јужниот транзиционен совет ја зазеде контролата врз Аден и околните подрачја, Саудиска Арабија упати апели до соетот и владата за дијалог.