Ekip
29 Ноември 2018•Ажурирај: 29 Ноември 2018
КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател Петро Порошенко го повика НАТО да распореди бродови во Азовското Море во момент на спорот со Русија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Порошенко во интервју за германскиот весник „Билд“ (Bild), објавено денес, изјави:
„Се надевам дека државите во НАТО се подготвени да ги преместат воените бродови до Азовското Море за да ѝ помогнат на Украина и да ѝ пружат безбедност.“
Судирот меѓу Русија и Украина е отворен во неделата, кога бродовите на руската крајбрежна стража отворија оган кон три брода на украинската воена морнарица, кои се обидоа да поминат од Црното Море во Азовското Море низ Керченскиот Теснец, меѓу руското копно и брегот на Крим. Потоа ги запленија бродовите заедно со посадите. Русија го анектираше Крим од Украина во 2014 година.
Украина инсистира на тоа дека нејзините бродови се однесувале во согласност со меѓународното поморско право, додека Русија вели дека не добиле дозвола за премин.