Sinan Doğan
22 Август 2021•Ажурирано: 23 Август 2021
БОГОТА (АА) - Најмалку осум лица загинаа вчера во налетот на ураганот Грејс што го погоди Мексико, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ураганот Грејс, кој достигна брзина до 200 километри на час како бура од категорија 3, ја погоди мексиканската држава Веракруз.
Жртвите се последица на обилните врнежи на дожд и големата уништувачка моќ на бурата.
Официјалните лица предупредија дека обилните дождови ќе продолжат.