Gamze Türkoğlu Oğuz
16 Септември 2019•Ажурирај: 17 Септември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Ураганот Умберто, кој се појави во Атлантскиот Океан, во морското пространство на американската сојузна држава Флорида, прерасна во прва категорија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Националниот центар за урагани соопшти дека Умберто, којшто се наоѓа на 1.260 километри западно од Бермудите, развил брзина од 120 километри на час и се движи кон североисток.
Влијанието на ураганот во наредните денови би можело да го почувствуваат жителите на Бермудите, но и во подрачјата од Северна Каролина до Флорида.
Ураганот од петта категорија, Доријан, кој на почетокот на месецот ги погоди Бахамите, усмрти 50 лица, а над 1.300 лица се исчезнати.