İslam Doğru
16 Септември 2019•Ажурирај: 17 Септември 2019
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, го осуди нападот извршен врз два нафтени објекти во Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на генералниот секретар објави писмено соопштение во кое се вели „Генералниот секретар го осудува нападот врз нафтените објекти на компанијата „Арамко“, сместена во источниот дел на Саудиска Арабија, за кој се тврди дека е изведен од страна на Хусите.“
Покрај тоа, во соопштението се вели дека генералниот секретар Гутереш упатил повик до сите страни, ограничувањата да ги стават на највисоко ниво, да се спречи зголемувањето на постоечките тензии, со барање секогаш да се однесуваат во согласност со меѓународното хуманитарно право.
- Напад врз објектите на саудиската нафтена компанија „Арамко“ -
Саудиската национална нафтена компанија „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во саботата објави дека во 4:00 часот по локално време е извршен напад со беспилотни летала врз два нејзини објекти, по што избувнал пожар.
Во нападите со беспилотни летала нема загинати или повредени и не е обвинета ниту една страна, но Хусите објавија соопштение во кое наведуваат дека нападот врз нафтените објекти е извршен од нивна страна со 10 беспилотни летала.
Во последно време, Хусите поддржани од Иран и од Јемен, со балистички проектили со краток и среден дострел извршуваат напади врз цели во Саудиска Арабија, чиј систем за воздушна одбрана успева да ги неутрализира овие проектили. Во исто време Хусите користат и беспилотни летала (дронови), со кои напаѓаат одредени локации на саудиско тло.
Подолг период во Јемен, каде што се води борба меѓу Хусите и актуелната власт која е поддржана од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), владее политичка нестабилност.