Nur Asena Ertürk
15 Април 2023•Ажурирај: 16 Април 2023
ПАРИЗ (АА) - И покрај широкото противење на јавноста во анкетите, највисокото уставно тело на Франција вчера делумно ги поддржа контроверзните пензиски реформи за кои се залага претседателот Емануел Макрон, јавува Анадолу.
Уставниот совет на Франција го заврши разгледувањето на законот за реформи, кој вклучува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години до 2030 година.
Советот го отфрли барањето на левицата за референдум за заедничка иницијатива.
Деветте „мудреци“, како што ги нарекуваат, одбија и шест мерки, меѓу кои и оние што се однесуваат на постарите работници.
Демонстрантите се собраа во Париз пред пресудата, на Плаз де Хотел де Вил, недалеку од зградата на Уставниот совет, но и во другите градови, покажувајќи го мирно своето противење.
Претседателот Макрон претходно ја изрази својата намера во Елисејската палата да одржи состанок со синдикатите, „без оглед на пресудата“, соопшти француското претседателство. Но синдикатите ја одбија поканата.
Макрон мора да го потпише законот во рок од 48 часа.
Во Франција од 16 март се одржуваат протести, а во повеќе градови дојде и до немири и судири меѓу демонстрантите и полицијата. Приведени се повеќе од илјада демонстранти.