Muhammed Emin Canik
18 Јануари 2024•Ажурирај: 19 Јануари 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Во израелските напади на Појасот Газа убиен е уште еден новинар, пренесува Анадолу.
Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа објави дека во израелски напад е убиен Ваил Реџеп Ебу Фунуне, генерален директор на каналот Ал Кудс.
Не е објавено каде и како е убиен Фунуне.
Канцеларијата за медиуми соопшти дека од 7 октомври минатата година досега во израелските напади на Појасот Газа се убиени 119 новинари.
Претходно Канцеларијата објави дека Израел убива новинари во Газа, со цел „да го замолкне гласот на Палестина, да ги скрие фактите и да спречи вестите и информациите да дојдат до регионалната и меѓународната јавност“.